Израелската војска (ИДФ) соопшти дека во воздушен напад е убиен командант на Хезболах во јужното либанско село Кафр Кила, кој се сметал за одговорен за смртоносниот напад со противтенковска ракета во јануари.
– Хачер Али Тавил е одговорен за нападот во кој беа убиени Барак Ајалон (45) и неговата мајка Мири Ајалон (76), кога противтенковска ракета погоди нивната куќа во Кфар Јувал, на северот од Израел – се додава во соопштението.