Фото: Пекселс

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар денеска нагласи дека има „одреден напредок“ во врска со прекинот на огнот во Либан, откако израелската армија почна операција во земјата насочена кон Хезболах.

-Има одреден напредок – рече Сар како одговор на прашањето за можен прекин на огнот.

-Работиме со Американците за тоа прашање – изјави тој на брифинг во Ерусалим.