Фото: ЕПА

Неколку илјади луѓе се собраа во големите ирански градови за да го поздрават и поддржат нападот врз Израел.

Во Техеран демонстрантите почнаа да се собираат на плоштадот „Палестина“, во центарот на градот, веднаш откако Револуционерната гарда објави дека започнала операција против Израел.

Тие извикуваа „Смрт за Израел“, „Смрт за Америка“, традиционални пароли од Исламската револуција во 1979 година и вееја знамиња на Иран и на либански Хезболах, кој Иран го поддржува.

Иран синоќа лансираше дронови и проектили кон Израел, како одмазда за израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа седум офицери на Револуционерната гарда.

Кратки средби се одржаа и пред британската амбасада, бидејќи во Техеран нема американско или израелско претставништво.

Во Исфахан, луѓето се собраа околу гробот на генералот Мохамед Реза Захеди, највисокиот офицер меѓу седумте членови на Револуционерната гарда убиени во иранскиот конзулат во Дамаск.

Лансирањето на беспилотни летала и проектили кон Израел беше поздравено и околу гробницата на генералот Сулејмани во Керман и во градовите Табриз, Керманшах и Ахваз.