Илјадници луѓе се собраа синоќа во израелскиот град Тел Авив за да побараат заминување на, како што велат, „корумпираната влада“ на премиерот Бенјамин Нетанјаху и ослободување на заложниците кои се држат во Газа.
Собир на демонстранти, кои на маици и транспаренти носеа пароли против израелскиот премиер и молбата „Вратете ги заложниците дома!“ беа одбележани и со судири со полицијата, која употреби водени топови, пренесе Бета.
Илјадници жени формираа човечки синџир на собирот за да испратат порака за поддршка за ослободување на заложниците во Газа, особено за 19-те преостанати затворенички за кои се верува дека ги држи Хамас во палестинската енклава, објави Би-би-си.
Главно повозрасните граѓани излегоа на улиците и неуморно скандираа „Избори! Сега!“, „Врати ги заложниците! Сега!“.
Демонстрантите кои се собраа потсетија дека „Бенјамин Нетанјаху, обвинет за измама и корупција, ќе мора да се соочи со правдата кога ќе ја напушти власта“.
Тие потсетија и на извештајот на истражната комисија, која оваа недела утврди „лична одговорност“ на израелскиот премиер за трагедијата на планината Мерон во април 2021 година, кога во стампедо загинаа 45 аџии.