Фото: Твитер

На границата помеѓу Украина и Полска оставени се играчки за децата бегалци, што се забележува на фотографијата која на Твитер ја сподели новинарката Дарија Сипигина.

– Полицајците на границата оставија играчки за украинските деца – напиша таа.

На граничниот премин Медика, украинските бегалци беа пречекани и помогнати и од полската армија, како и од доброволци од целиот свет. Волонтери на граница на бегалците им даваат вода, пица, колбаси, овошје, пренесува Инсајдер.

Им се обезбедува и бесплатна медицинска нега, пелени, облека, обувки, колички, СИМ картички и друго.