Фото: Илустрација/ Принтскрин - Јутуб АП

Хамас и Израел вечерва го решија спорот околу втората размена на заложници и затвореници, по што Хамас потврди дека вечерва ќе ослободи 14 израелски цивили и седум странски државјани. Тие ќе бидат предадени на тимови на Црвениот крст, а Израел за возврат ќе пушти 42 Палестинци од затворите.

Размената требаше да се случи попладнево, но беше одложена откако военото крило на Хамас побара Израел прво да гарантира влез на хуманитарна и медицинска помош, но и храна, вода и гориво, во северниот дел на Газа.

Претходно, во првата размена вкупно 13 жени и деца кои беа заложници на Хамас беа предадени на Црвениот Крст.

Размената на заложници и затвореници следува по договорот за четиридневен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.