Додека велесилите на големо се впуштени во модернизација на своето атомско оружје, во исто време се заложија дека треба да направат чекори за разоружување од истото тоа. Во ретка заедничка декларација во Советот за безбедност, единствените пет официјални нуклеарни сили неодамна потврдија дека по секоја цена сакаат да спречат војна со нуклеарно оружје.
– Нуклеарната војна никој не може да ја добие и до неа никогаш не смее да дојде. Употребата на нуклеарно вооружување би имала далекосежни последици. Нуклеарното вооружување, додека постои, треба да служи во одбранбени цели, одвраќање и спречување на избивањето војна. Натамошното ширење на таквото вооружување мора да биде спречено – се наведува во заедничката изјава на Москва, Париз, Лондон, Пекинг и на Вашингтон.

Подготвил: Дејан Србиновски