Безбедносните сили во Германија се ставени во состојба на готовност поради тензиите на Блискиот Исток, објави министерката за внатрешни работи Ненси Фесер, јави ДПА.
– Внимателно следиме како евентуалната идна ескалација ќе влијае на безбедносната ситуација во Германија – изјави Фесер за весникот „Рајнише пост“.
Таа посочи дека ризикот од идна ескалација на Блискиот Исток е висок и ја опиша ситуацијата како „исклучително опасна“. Германската влада, заедно со своите меѓународни партнери, работи напорно за деескалација, додаде Фесер.
– По терористичкиот напад на Хамас во Израел на 7 октомври 2023 година и последователната војна во Газа, има драстично зголемување на злосторствата на антисемитска основа – рече министерката.