Фото: Принтскрин

Поради безбедносни причини Европската Унија се откажа од одржувањето на неформалниот Самит на ЕУ посветен на одбраната во замокот Шато де Лимон во близината на белгискиот град Лиеж и донесе одлука состанокот да се одржи во палатата Егмонт во Брисел.

– Врз основа на ажурирана проценка на мерките потребни за обезбедување на местото на одржување, неформалниот собир на лидерите на ЕУ на 3 февруари 2025 година е преместено од Палатата Егмонт во Брисел – соопшти Советот на ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претходно овој месец закажа неформален Самит на ЕУ посветен на прашање поврзани со европската одбрана во замокот Лимон, на кој покрај шефовте на држави или влади на 27-те земји членки на Унијата, ги покани и и британскиот премиер Киер Стармер и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Кошта најави дека го свикува овој собир поради „потребата и чувството на итност“ за зајакнување на одбраната на Европа, кога „руската агресија во Украина и отпорноста кон хибридни напади се заеднички приоритети“ за Европејците.

– Ова е првпат европските лидери да се соберат на состанок исклучиво посветен на одбраната за да го подготвиме теренот за следните одлуки што ќе треба да ги донесеме и да обезбедиме политички насоки за Белата книга за одбраната што ја подготвуваат Европската комисија и високата претставничка (Каја Калас) – додаде Кошта.

Според него, Европската Унија мора да стане и посилен трансатлантски партнер во рамките на НАТО.

– Во наш интерес е да направиме повеќе на полето на одбраната. Да станеме поотпорни, поефикасни и поавтономни и посигурен безбедносен и одбранбен актер – додаде Кошта.