Сите 27 земји на Европската унија договорија 50 милијарди евра (54 милијарди долари) помош за Украина на самитот во Брисел, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на Твитер.
– Имаме договор. Сите 27 лидери се согласија за дополнителен пакет за поддршка од 50 милијарди евра за Украина во рамките на буџетот на ЕУ. Ова значи стабилно, долгорочно, предвидливо финансирање за Украина. ЕУ презема лидерство и одговорност за поддршка на Украина; знаеме што е во прашање – напиша Мишел на Твитер.