Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја укина старосната граница за пензионирање овозможувајќи итно пензионирање повеќе од два милиона работници. Претходно, старосната граница за пензионирање во Турција беше 58 години за жени и 60 години за мажи.
Не се знае колку ќе ја чини државата новиот систем, но Ердоган изјави дека 2,25 милиона луѓе може веднаш да се пензионираат.
Во Турција моментно има 13,9 милиони пензионери.
Синдикатите изминативе неколку години протестираа против минималната старосна граница за пензионирање и бараа работниците да завршат задолжителен број години стаж за да се пензионираат.
Аналитичарите сметаат дека овој потег ќе му помогне на Ердоган да постигне многу добри резултати на изборите закажани за јуни 2023 година.