На лекарка во Бугарија и се суди за лажни вакцини против Ковид-19, се вели во официјално соопштение на обвинителството. Според него, Окружното обвинителство во Пловдив поднело обвинение против А.З., 34 години. Таа е изведена пред суд поради тоа што во периодот од 28.06.2021 г. до 11.11.2021 година во градот Асеновград, регион Пловдив, незаконски внела во системот компјутерски податоци за имунизирани лица, за вакцинација и за лекарот што ја извршил, без да се вакцинираат лицата. После тоа незаконски генерирала документи – потврди – од Електронскиот регистар за имунизација за вакцинација на 23 лица.
Членот на Кривичниот законик, според кој лекаарката одговараше, предвидува затворска казна до 6 години и парична казна до 10.000 лева.
Со случајот е утврдено дека А.З. работела како лекар во болница во Асеновград, каде во 2021 година е воспоставен пункт за имунизација. Како стручно медицинско лице извршила вакцинација и преку електронски потпис ги внесувала личните податоци на граѓаните во информатички систем – Електронскиот регистар за имунизација.
Според прибраните докази во случајот, 23 граѓани подигнале потврда за имунизација без да се вакцинирани против болеста. Некои од нив му платиле на посредник, неидентификуван во случајот, на кого му ги дале и личните податоци, од 150 до 300 лева за да добијат потврда, а други не дале пари. Утврдено е дека дел од нив биле во странство на наведениот датум за вакцинација.
Окружниот суд во Пловдив треба да закаже рочиште за случајот.