Фото: Илустрација/Пиксабеј

Не можеме да прифатиме европски санкции против Русија во областа на нуклеарната енергија, бидејќи тоа директно ќе влијае на нас, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев.

Затоа, ако дојде до санкции, вели Радев, Бугарија ќе стави вето.

– Бугарија ќе продолжи да ја поддржува Украина и украинските бегалци во нашата земја, но време е да се преземат мерки за прекин на конфликтот. Преодната влада ја спроведе одлуката на Народното собрание за испраќање вооружување од резервите на бугарската армија. Се надевам дека владата ќе покаже разум и во иднина тоа нема да се дозволи. Ретко слушам повици за мир, туку само за победа, без некој некаде да дефинира што значи победа – коментира Радев.