Фото: Пиксабеј

Британската влада се закани дека ќе преземе мерки против олигарсите поврзани со Кремљ кои го претворија Лондон во свое „игралиште“, ако рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија на Украина, пренесува „Си-ен-ен“.

Но децениите на слаба регулација и додворување на руските инвеститори значат дека дел од сојузниците на Путин се длабоко интегрирани во британското општество, па би било тешко да се избркаат од градот кој се ословува и како „Лондонград“, токму поради присуството на олигарсите.

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас во понеделникот истакна дека легислативата за нови санкции би и овозможила на британската влада да цели кон поширок круг на лица и бизниси поврзани со Кремљ.

– Било да ги поддржувате агресивните акции на Русија кон Украина или сте од широк значај за Кремљ, ние имаме моќ да ве санцкионираме. Ништо не е исклучено и нема да има каде да е сокриете – порача Трас.

Британската влада не мора да се мачи да бара некои од олигарсите, бидејќи богатите Русија доаѓаа во Лондон во изминатите три децении, откако добија влез во Обединетото Кралство со визната програма за инвеститори, според извештај објавен во 2020 година.

– Многумина Руси со блиски врски со Путин кои се добро интегрирани на британската бизнис и општествена сцена, се прифатени поради нивното богатство – се вели во парламентарниот извештај кој го опишува Лондон како „перална“ за „валкани пари“.