Велика Британија е „многу загрижена“ поради можноста Русија да употреби хемиско оружје во Украина, изјави денеска британската министерка за надворешни работи Лиз Трас за Си-eн-eн.
– Ако Русија одлучи да го стори тоа, тоа ќе биде огромна грешка – заедно со сите други грешки што Путин ги направи досега – рече Трас.
Белата куќа вчера предупреди дека Русија може да употреби хемиско оружје или дури и да организира лажен напад во кој се користи хемиско оружје, за што вината би паднала врз Украина.