БНД идентификува неонацисти од Руското царско движење што дава нова димензија на војната во Украина

Со последното ужасно видео на егзекуција на украински војник, во јавноста излегоа и повеќе различни сведоштва и анализи за постоењето и на „руски десничарски екстремисти и неонацисти“, за што во јавноста имаше дефицит на информации. Нивното постоење на боиштето во Украина, во пошироката јавност предизвика конфузија, за тоа кои се тие, со каква идеологија и цел се борат, дали се инволвирани во нечија завојувана страна. Тие особено привлекоа внимание со снимки и видеосведоштва што се предмет на истражувања на надлежни служби, но и медиуми, во насока на расветлувања на индициите за извршени воени злосторства, мачења, ликвидации, бруталност…

Извештај од германското разузнавање до кој дојде реномираниот „Шпигел“ разјаснува одредени нејаснотии од војната во Украина

И пред почетокот на руско-украинскиот конфликт на 24 февруари минатата година, во извештаите на повеќе разузнавачки служби, од кои потоа делови излегуваа и во јавноста, се потврдуваше дека во Украина има значителен број борци (прецизно неутврден), кои се со ултрадесничарски ориентации. За издвојување е исто така фактот дека поголемиот дел од вниманието, безбедносните служби во своите извештаи го посветувале на ултрадесничарски и нацистички групи и паравоени сили што се бореле заедно или како дел од вооружените сили на Украина.
Таквата појава е регистрирана од страна на безбедносно-разузнавачките служби уште од почетокот на конфликтот во Донбас во 2014 година. Но со последното ужасно видео на егзекуција на украински војник, во јавноста излегоа и повеќе различни сведоштва и анализи за постоењето на „руски десничарски екстремисти и неонацисти“, за што во јавноста имаше дефицит на информации. Нивното постоење на боиштето во Украина, во пошироката јавност предизвика конфузија, за тоа кои се тие, со каква идеологија и цел се борат, дали се инволвирани во нечија завојувана страна. Тие особено привлекоа внимание со снимки и видеосведоштва што се предмет на истражувања на надлежни служби, но и медиуми, во насока на расветлувања на индициите за извршени воени злосторства, мачења, ликвидации, бруталност…

Краток осврт на постоењето ултрадесничарски и нацистички групи што се бореа на страната на украинските вооружени сили

Познатиот украински Азовски полк беше формиран од „десничарската милиција наречена полк Азов“, која во јавноста се појави и легитимира во раните денови на воениот судир, со нацистички симболи и знаци. Водачите и основачите на групата отворено се залагаа за ксенофобична и антиимигрантска реторика. Нејзините логоа имаа голема сличност со некои користени од нацистичките единици за време на Втората светска војна. Подоцна, полкот Азов беше вклучен во Националната гарда на Украина, па ја намали екстремистичката реторика, но ја задржа репутацијата. Токму полкот Азов, со сета своја нациидеологија и цели и поради тоа што се повикуваше на идеолози и националистички личности како Степан Бандера, беше и еден од основните образложенија на Кремљ по отпочнувањето на „специјалната воена операција за денацификација и демилитаризација на Украина“.

Германската разузнавачка служба идентификува неонацисти: Руски десничарски милитантни екстремисти

Според доверливиот извештај на германската Федерална разузнавачка служба до кој дојде „Шпигел“, и голем број руски десничарски екстремисти и неонацисти се борат во Украина. На територијата на Украина, како што се дознава од извештаите на германските разузнавачи, „се борат десетици претставници на руски неонацистички групи“. Имено, тоа се членовите на „Руското царско движење“, кои припаѓаат на ултрадесничарските монархисти. Нивната веб-страницата е полна со антисемитски и антимигрантски изјави. Самата страница, како и некои печатени изданија на „Руското царско движење“, руското Министерство за правда ги ставило на „листата на екстремистички материјали“. За издвојување е дека во 2020 година, и американскиот Стејт департмент го стави „Руското царско движење“ на листата на терористички организации.
Германската разузнавачка служба идентификува дека во рамките на „Руското царско движење“ постојат две вооружени нацигрупации: „Руска царска легија“ и групата „Русич“. Имено, таквата поделба се поклопува и со информацијата за „две групации на руски нацистички вооружени групи што војуваат на украинското боиште“:
1. „Руска царска легија“ – што учествуваше во борбите на територијата на Украина уште во 2014-2015 година. Според информациите на милитантите, тогаш биле убиени шест члена на организацијата. Сега има многу помалку руски неонацисти со оружје во т.н. Луганска Народна Република (ЛПР) и Доњетска Народна Република (ДПР), отколку пред осум години. Според Александар Верховски, претседател на организацијата за човекови права СОВА, „неколку десетици руски неонацисти можеби сега се борат во Украина“. Тоа се совпаѓа со процената за бројката на руски неонацисти на украинското боиште, направена од германското разузнавање.
2. Втората неонацистичка група што се бори во Украина е т.н. група „Русич“. Нејзиниот командант е лицето Алексеј Милчаков. Тие се вклучени во листата на санкции на Канада. Лидерите на организацијата – Милчаков и Јан Петровски – добија сертификати дека се членови на „Сојузот на волонтери од Донбас“ уште во 2015 година. Милчаков постојано објавуваше слики со нацистичкиот симбол, кукестиот крст – свастика. Членовите на парамилитантната ултрарадикална група „Русич“ се нарекуваат себеси „доброволна единица“. Таа од јуни 2014 до јули 2015 година активно учествуваше во вооружениот конфликт во Украина. Но веќе кон крајот на 2015 година, раководството на „Русич“ влезе во конфликт и ги прекина односите со властите на т.н. Луганска Народна Република (ЛПР) и најави дека сега ќе се борат не само против Украинците туку и против самите проруски ентитети Луганска Народна Република (ЛПР), Доњетска Народна Република (ДПР), и нема да соработуваат со руските сили.
На почетокот на 2015 година, Милчаков и Петровски беа на црната листа, санкционирани од Канада, Велика Британија и од ЕУ. Во октомври 2016 година, Петровски беше уапсен во Норвешка, каде што живееше и работеше заедно со Норвежанец поврзан со десничарската група т.н. „Војници од Один“. Истиот месец тој беше депортиран.
Фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи во 2020-2021 година покажаа дека борците на неонацистичката милитантна група „Русич“ биле во Сирија.
Во извештајот на германското разузнавање се вели дека борците на групата „Русич“ се во Украина од почетокот на април. Нема потврда дека Милчаков или Петровски „се или биле во Украина во кое било време од 24 февруари минатата година“.

Меѓусебни судири на парамилитарни неонацистички групи присутни во Украина

Во септември 2014 година, во близината на селото Шчастија во регионот Луганск, руските милитанти и неонацисти од групата „Русич“ се судрија со украинската паравоена милитантна група наречена „Аидар“. Судирот на двете нерегуларни воени сили со ултрадесен предзнак се случил во близината на селото Шчастија во Луганската Област. Во воената пресметка победа извојувале неонацистите на руската групација „Русич“, а лидерот на истата група, Милчаков, кој учествувал во судирот, отворено раскажувал како се фотографирал со телата на загинатите Украинци од групата „Аидар“. Во врска со овој настан, таблоидниот руски весник „Московски Комсомолец“ објави напис за страшниот инцидент под наслов „Фашистички месар од Санкт Петербург отиде да се бори за бунтовниците“.

Подготвил: Mарјан Велевски