Фото: Твитер/Ентони Блинкен

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска на сведочење пред Комитетот за надворшена политика на Сенатот, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не покажал сериозен однос кон дипломатијата за окончување на војната во Украина, наспроти низа меѓународни напори да се стори тоа.

-Досега не видовме никакви сигнали дека претседателот Путин има сериозни намери за преговори-изјави Блинкен пред комитетот.

И покрај тоа, САД ќе ги поддржат украинските напори за со дипломатија да се заврши војната, изјави Блинкен и подвлече дека „моментално се работи на тоа прашање“.

-Нашата цел е да се убедиме дека тие поседуваат способност да ја одбијат руската агресија и да ги засилат своите позиции на евентуална маса за преговори-рече тој.

На прашање од сенаторот републиканец Ранд Пол, кој ја критикиваше политиката на САД поради тоа што претседателот Џо Бајден го испровоцирал Путин „со биењето на тапаните за прием на Украина во НАТО“, првиот дипломат на САД одговори дека во разговорите со Русија пред инвазијата на 24 февруари станало јасно дека поплаките на Путин за одењето на Украина во западната алијанса се само предтекст.

-Се обидовме да ги ангажираме со тие прашања навистина сериозно. Од тоа што го кажува Путин сосема е јасно дека никогаш на станувало збор за потенцијалното членство на Украина во НАТО, туку секогаш било за тоа дека Украина не заслужува да биде суверена, независна држава-изјави Блинкен.

Блинкен присуствува на тридневни сослушувања после ненадејната посета заедно со министерот за одбрана Лојд Остин на Киев во неделата, каде високоите американски службеници се сретнаа со претседателот Володмир Зеленски.

Панелот започна со работа со прашања од сенаторите, демократот од Њу Џерси Роберт Менендез, претседавач со комитетот и Џим Риш, републиканец од Ајдахо.

Државниот секретар исто така зборуваше за забрзаната испорака на оружје како процес за кој сега се потребни само 72 часа откако Украина испраќа барање.

-Видовме километри и километри украинска провинција, територија која што само пред неколку месеци руската власт сметаше дека може да ја окупира за неколку седмици и која денес и припаѓа на Украина. Во Киев видовме признаци на еден оживеан град кој се враќа во живот, луѓето седат надвор пред кафулиња и ресторани, се шетаат. Тоа беше точно пред нас – Украинците ја заработија битката за Киев-изјави тој.