Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Тел Авив се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
-Тука сме, не одиме никаде, рече Блинкен, пренесен од британските медиуми.
По пристигнувањето во Израел, американскиот државен секретар се огласи на социјалната мрежа Х, пишувајќи дека е во Израел за „едно да разјасни. САД стојат покрај Израел и неговиот народ. Ние секогаш решително ќе се бориме против тероризмот – напиша Блинкен.
На почетокот на заедничката прес-конференција, Бенјамин Нетанјаху им се заблагодари на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и на САД за поддршката на англиски и хебрејски, пред да го спореди Хамас со Исламската држава.
– Бајден беше во право кога го нарече чисто зло. Хамас ќе биде третиран како ИСИС. Тие треба да се „исфрлат“ од заедницата на нациите. Ова е време кога мораме да стоиме исправени и соединети против злото. Ние заземаме став.Америка зазема став – рече Нетанјаху.