Рускиот претседател Владимир Путин утре и формално ќе ги потпише документите за анксија на уште четири украински региони во кои изминатиот викенд се одржаа самонаречени референдуми, што Украина и Западот ги осудија како лажни, јави Би-би-си.
Официјални лица поддржани од Русија претходно тврдеа дека на петдневното изјаснување се обезбедила речиси целосна поддршка од народот.
Таканаречените референдуми се одржаа во Луганск и Доњецк на исток и во Запорожје и Херсон на југот од Украина, додава британскиот јавен сервис.
Рускиот претседател се очекува утре да одржи и говор во Кремљ.