Српската Влада на вчерашната седница одобри поскапување на патарините за 14 отсто, додека оние кои патарините ќе ги платат по електронски пат ќе добијат шест проценти попуст на таа сума, односно за нив поскапувањето ќе биде осум отсто, јави дописникот на МИА од Белград.
За патничките автомобили на релација Прешево-Белград, наместо 1.490 динари, доколку се плаќа во готово, ќе чини 1.699 динари (едно евро изнесува 117,35 динари).
Доколку сопствениците на автомобили плаќаат електронски на таа делница, патарината ќе чини 1.609 динари.
Патарината Белград-Суботица поскапува од 640 динари на 730 динари, а за е-плаќање на 691 динари.
Белград-Шид поскапува од 420 на 479 динари и 454 динари за плаќање со таг.
Цената на патарината Белград-Ниш се зголемува од 890 на 1.015 динари, а за електронско плаќање на 961 динари.
Додека цената на патарината Белград-Лесковац од 1.020 динари ќе чини на 1.163 динари, а за електронско плаќање 1.102 динари.
На делницата Белград-Параќин патарината наместо 580 динари ќе чини 661 динари, а доколку се плати електронски ќе чини 626 динари.
Белград-Димитровград поскапува од 1.310 на 1.493 динари, а за електронско плаќање 1.415 динари.