Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека коалицијата „Србија не смее да запре“, предводена од неговата Српска напредна партија, на вчерашните избори освоила апсолутна победа на републичко и на покраинско ниво, и очекува да ја формира власта и во Белград.
Според досега објавените резултати од парламентарните избори, врз основа на обработените 7.659 избирачки места, од вкупно 8.273, листата на Александар Вучиќ – „Србија не смее да запре“, освоила 47,1 отсто, односно 1.615.967 гласови, објавено е на веб-страницата на Републичката изборна комисија (РИК).
Листата „Србија против насилството“ освоила 23,04 отсто или 790.298 гласови.
Листата „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“ има 6,65 отсто, односно 228.066 гласови.
Коалицијата НАДА доби 4,96 отсто или 170.307 гласови, а Бранимир Несторовиќ „Ние – Гласот на народот“ 4,64 отсто или 159.287 гласови.
Народниот собир – Двери / Заветници има 2,8 отсто или 96.102 гласа, а Српската радикална партија 1,46 отсто или 50.248 гласа.