Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување, Оливер Вархеји на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама истакна дека земјите од регионот на Западен Балкан ќе добијат помош од шест милијарди евра, но оти по 2027 година ако не ги исполнат препораките ќе биде тешко да продолжи помошта.
Вархеји денеска во Тирана изјави дека очекува земјите од регионот наскоро да се договорат за бесплатен интернет на јавни места.
Тој на завршната прес-конференција на самитот на лидерите на шесте земји од Западен Балкан рече дека времето на чекање за влез во ЕУ заврши.
– Неопходно е учество на регионалниот пазар, каде земјите би можеле да се натпреваруваат. После тоа ќе биде тешко да се тврди дека ЕУ не е подготвена да прими нови членки. Ако сакате да ве третираат како дел од ЕУ, тогаш треба да ги третирате земјите од регионот како кон такви.