Српскиот сеизмолог Славица Радовановиќ вели дека не постои директна опасност за потреси во Србија по разорните земјотреси во Турција, бидејќи земјата е на „периферијата“ и е последна во низата земји кои се загрозени.
Но, таа објаснува дека анадолската плоча е поврзана со српскиот регион и дека во процесот на притисок и поместување може да се очекува зголемување на сеизмолошката активност на Балканот.
Радовановиќ потсетува на случајот од 1939 година кога разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени, со иста јачина како овој сега, ја погоди Турција и предизвика смрт на речиси 20.000 луѓе. Една година подоцна, во ноември 1940 година, разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија каде погинаа стотици луѓе, но и стотици згради се урнаа до темел.
Секоја активност на анадолската плоча предизвикува активност и на Балканот, но, според Славица Радовановиќ, Србија е најмалку загрозена, додека последиците од денешниот разорен земјотрес во Турција може да се очекуваат во Грција или Романија во блиска иднина.