Фото: принтскрин

Повеќе од 3.000 луѓе загинаа во силните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија според последните информации од терен.

Според проценките, бројот на повредени надминува 15.500, врз основа на информации споделени од различни новински агенции.

Турските медиуми јавуваат за најмалку 13.293 повредени, додека пак во Сирија бројката на повредени изнесува 2.461.

Според последните податоци, во Сирија загинале 1.073 лица, додека пак турската Агенција за справување со катастрофи соопшти дека во Турција загинале најмалку 2.316 луѓе.