Фото: Фејсбук/Ангел Џамбаски

Дрскоста на бугаромразите во Скопје навистина нема крај и навистина е потсмев. Стотици бугарски граѓани со часови виселе на студ, стотици биле вратени од граница со летечки белешки испечатени од печатачи кои очигледно не работат на струја – напиша на Фејсбук бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.

Во неговата објава на социјалната мрежа стои: „Властите во Скопје прават црни и забранувачки списоци за бугарските граѓани, новинари, публицисти и политичари.
Како се овие европски вредности? Како е ова право на слободно движење? Како ова не е антибугарска омраза? Каде е револтот на активистите за човекови права во Брисел?“

Ова доаѓа по денешната изјава на македонскиот претседател Стево Пендаровски кој рече:

Оние кои се обидоа да ја нападнат полицијата, се разбира, заработија прекршочни пријави и депортација од нашата земја. Секоја европска држава го прави тоа на идентичен начин. Нека ни се јави еден граѓанин на Република Бугарија на кој му било одбиено да влезе во Македонија да оддаде почит на гробот на Гоце Делчев, се разбира освен оние кои правеа проблеми за што има и видео снимки.