Фото: Илустрација

Утрово нешто по 6 часот земјотрес со јачина од 5,7 степени по рихтеровата скала погоди дел од Медитеранот околу грчкиот остров Крит. Земјотресот се случил во морето јужно од островот Крит.

Епицентарот бил на длабочина од 68 километри и оддалечен 53 километри од најголемиот град на островот – Ираклион.

Земјотресот бил почувствуван и во некои египетски градови, јавуваат агенциите. Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

Во тој дел од Медитеранот е забележана голема активност во последните денови, а земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала бил регистриран кај Крит и во понеделникот.