Фото: Пиксабеј

Седум земјотреси се регистрирани во Албанија од синоќа до утрово во областа Клос, североисточно од Тирана. Дел од земјотресите се почувствуваа и во западниот дел на Македонија.

Од синоќа во 20 часот и 30 минути до утринава во 6 часот и 36 минути во тоа подрачје се регистрирани седум земјотреси со јачина од 2 до 3,5 степени според Рихтеровата скала, јави Еј-би-си њуз.

Тресењето на земјата е почувствувано и во Тирана, но нема материјална штета.