Фото: Х/Билјана Ѓорѓевиќ, копретседателка на Зелено-лев фронт

Во Белград, пред зградата на Републичката изборна комисија – РИК се одвива протест на повеќе илјади граѓани поради „изборна кражба“ на изборите за град Белград. Лидерите на коалицијата „Србија против насилството“ (СПН) се наоѓаат во РИК со, како што велат, доказни материјали за изборна кражба.
Мариника Тепиќ, претставничка на коалицијата и носителот на листата СПН Мирослав Алексиќ изјавија дека стапуваат во штрајк со глад во РИК се до исполнување на барањата на опозицијата.

На почетоткот на протестот пред РИК, дојде до инцидент кога „неидентификувана група на граѓани“ се обидоа да ја урнат заштитната ограда пред РИК и насилно да влезат внатре, при што дојдоа во судир со обезбедувањето на РИК, по што беа остранети од обезбедувањето на СПН.

Граѓаните фрлаат тоалетна хартија и јајца кон РИК, а се уште поединци, окарактеризирани како провокатори, се обидуваат поединечни да влезат во РИК. Граѓаните масовно викаат: „Вучиќ крадецу“ и „Нема да се предадеме“.

-Имаме докази и бараме поништување на изборите во Белград – изјави Тепиќ пред да влезат дел од претставниците на опозициската коалиција во седиштето на РИК за да поднесат барање за поништување на изборите.