Фото: Влада

Министерот за енергетика на Бугарија, Александар Николов за НОВА ТВ изјави дека нема да се воведе режим на електрична енергија.

Неговата изјава следи откако Русија ја прекина испораката на природен гас за Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Николов, природниот гас се користи за производство на електрична енергија во голем обем, но за среќа тоа не било случај во Бугарија. Затоа, министрите за енергетика од другите земји беа сериозно загрижени дека може да се постигне потенцијален режим на електрична енергија.

Николов објасни дека Бугарија и Булгаргаз не прекршиле ниту еден постоечки договор за гас и дека неговата земја на ниту еден начин не го прекинала неговото спроведување.

– Одлуката за прекин на испораката на гас за Бугарија е на руска страна-истакна Николов.

Според него, дијалогот меѓу Булгаргаз и Гаспром не е запрен, а бугарската страна ја третира руската енергетска компанија како трговски партнер, а не како субјект со кој може да се води економска војна.