Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, престојува во Њујорк по повод 77. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, каде што свое обраќање ќе има во среда.

Вучиќ вели дека е време на големи тензии и геополитички промени, а доаѓањето во Њујорк е важно и поради контактите кои се остварени таму – пренесуваат српските медиуми.

Тој кажал за што ќе зборува и уште еднаш драматично проговорил за зимата што претстои.

– Ќе зборувам за непочитување на меѓународното јавно право во случајот со Србија. Наша работа е да работиме за нашата земја, а не за некој друг. Јас сум горд на тоа, така сме работеле секогаш. Го зачувавме духот на слободата и независноста на нашата земја – кажа Вучиќ и додаде:

– Мислам дека не разбираме доволно што се случува и што ни претстои. Пред нас се шест клучни месеци во кои се прават разлики. Во кои ќе бидат оние кои едвај преживеале, со мали шанси за успешен напредок во иднина, оние кои преживеале, но ослабеле, и оние кои ги преживеале ударите, но излегле како најголеми од сите. Ова ќе ја направи клучната разлика меѓу Германија и остатокот од Европа, без оглед на сите проблеми со кои се соочуваат. Можат да фрлаат пари, зборувам фигуративно, се разбира“, кажал тој и додал дека многу мали држави во Европа ќе бидат уништени, пренесуваат српските медиуми – додаде српскиот претседател.