Русија секогаш ќе продолжи да го поддржува српскиот народ, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Според неа, Русија низ историјата отсекогаш и подавала рака на Србија, дури и во тешки ситуации, односно кога Русија била на работ и кога се борела за сопствен опстанок.
Исто како и тогаш, Москва ќе продолжи да и помага на Србија и сега, рече Захарова.
– Кога не дававме поддршка на државата и народот на Србија, дали некогаш беше така? И кога ни беше многу тешко, дури и кога самите се боревме за опстанок, секогаш подававме рака на помош и од душа и од срце, без разлика на околностите. Што мислите, дали сега ќе се откажеме од нашиот историски став за поддршка на српскиот народ? Не, нема да се откажеме, бидејќи тоа ни е во крвта, во нашата душа – рече Захарова на неделниот брифинг, одговарајќи на прашање на новинарите на РТ Балкан – пренесе Новости.рс.