Фото: Илустрација

Во текот на првите два месеци од 2023 година на подрачјето на СВР Битола поради недозволена трговија со дрога од слобода биле лишени 62 лица  од кои 40 во Битола и 22 во Прилеп.
Кај дилерите пронајдени се и одземени марихуана, хероин, кокаин, амфетамин, метамфетамин, таблети МДМА…

Во овој период биле извршени 13 претреси на домови и други простории од кои осум во Битола и пет во Прилеп и биле извршени 97 прегледи на лица и возила во Битола.

Против дел од нив поднесени се вкупно 24 кривични пријави за сторени кривични дела по член 215 од Кривичниот законик, (Битола-14, Прилеп 9, Крушево 1) а за 29 кривични дела поднесени се кривични пријави против 35 сторители (Битола 22, Прилеп 10, Крушево 3).

Загрижува тоа што меѓу дилерите на дрога се јавуваат се повеќе млади луге, а расте и бројот на малолетни конзументи на дрога.
Од полциијата велат дека нема да запрат со ваквите акции за откривање и санкционирање на дилерите на дрога, и со уште поголем интезитет ќе настојуваат да ги приведат кон лицето на правдата.