Фото: Принтскрин

Србија не продала ниедно парче муниција на Русија или Украина, а воопшто не произведува оружје, тврди српскиот претседател Александар Вучиќ, одговарајќи на прашањето за можен извоз на оружје во Украина.

– Србија нема произведено оружје, Србија продава и произведува муниција. Кога ја произведувате, таа муниција секогаш завршува некаде на бојното поле или кризните области во светот. Но, ние не продадовме ниту едно парче на Русија или Украина. Имаме овластени корисници и Србија може да извезува само во такви земји. Знаејќи дека постои можност дел од робата да биде испратена до некого на украинското боиште, додадовме дека е невозможно да се извезе муницијата што ја дадовме во Турција без согласност на Република Србија – рече Вучиќ.