Фото: Макфакс

Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерите Бојан Маричиќ и Артан Груби, симболично добија „награди“ на перформансот на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ изведен денеска пред Владата.

Ковачевски ја доби наградата за инфлуенсер на годината, Маричиќ за турист на годината, а Груби за најдобар агент со недвижности.

– Наградата за инфлуенсер на годината заминува кај премиерот Димитар Ковачевски, за најмногу пари инвестирани во развојот на културата на социјалните мрежи во Македонија, наградата за турист на годината, оди кај вицепремиерот Бојан Маричиќ, кој покажа дека дипломатијата е само споредна работа за еден светски патник како него. Наградата за најдобар агент со недвижности заминува кај првиот вицепремиер Артан Груби, за неговите лик и дело, и усовршувањето на преговарачките техники кои му ги донесоа најдобрите цени и зделки – истакна Младен Јаневски, претседател на Комисијата за животна средина на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.