Фото: Социјални мрежи

лбанскиот премиер Еди Рама во репортажа „Ексклузивни истраги“ на францускиот канал „Метропол“ покрај другото зборува и за напредокот на евроинтегративниот процес, при тоа оценувајќи дека „интеграцијата на Балканот носи безбедност и единство во Европа“.

Тој додава дека „тоа не е предвидлив процес, бидејќи тоа е постојана политика во Унијата, внатрешна политика на земјите“, но, нагласува дека „мора да изградиме правна држава“.

-Се сеќавам на нешто што Мишел Рокард ми го кажа одамна: Мора да разберете дека преговарањето со Европската Унија за пристапување во неа е процес на кревање на вашата земја. Мора да изградиме правна држава – изјавил Рама.

На прашањето што ќе донесе Албанија во Европа, тој рекол дека „Албанија е една од земјите на Балканот“.

– Мислам дека е поконкретно што може да донесе Балканот во Европа. Повеќе безбедност, не само во воена смисла, туку и во борба против илегалната имиграција, дрогата, поголема безбедност, повеќе единство, бидејќи тоа е малку како стомакот на Европа. Затоа, не е добра идеја стомакот да се одвои од телото, бидејќи тоа може да создаде многу проблеми – додаде тој.

Во репортажата главно посветена на Албанија новинарот констатира дека малку по малку започнала да се менува сликата за Албанија во Франција и се повеќе Французи доаѓаат во ова земја и оти зад овој успех стои „човек кој девет години работи Албанија да ја направи поевропска од кога било“.

-Сликата што се создаде за нашата земја во странство е стереотип за Албанија и далеку од албанската реалност. Не сакам да кажам дека нема корупција, во секој случај, Албанија има проблеми со корупцијата токму затоа што сè уште немаме владеење на правото и институции способни да се борат со сите овие појави – посочил Рама.

Запрашан дали ова е последен мандат или има намера да продолжи понатаму, Рама одговaра: „Ајде да видиме, научив дека животот е она што се случува додека правиме други планови. Треба да дозволиме животот да одлучува наместо да се преправаме дека одлучуваме за живот“.

Тој искажува задоволство што од година во година се погoлем број туристи доаѓаат во Албанија, што е „навистина е прекрасно“.

-Се повеќе Французи доаѓаат во Албанија. Навистина е прекрасно. Кога луѓето доаѓаат во Албанија, остануваат без зборови, бидејќи Албанија што ја наоѓаат е сосема поинаква од Албанија што ја замислувале читајќи ги стереотипните написи за криминал, дрога, мафија, вели Рама.

Потсетувајќи дека Рама по занимање е уметник, новинарот го прашува како црта за време на состаноците.

-Окото и раката работат заедно, додека увото и вниманието се насочени кон тој што зборува. Можам да го направам тоа кога другите зборуваат, одговара Рама. вт/сд/