Фото: Макфакс/Илустрација

На социјалните мрежи се појавија видеа од првите снегулки на Копаоник.

– Како и секоја година, првиот снег сезонава ги израдува сите искрени љубители на Копаоник и воопшто на скијањето. Сепак, тоа е само првиот снег, увертира за сето она што ќе следи подоцна во календарот и почетокот на самата скијачка сезона. Датумот на првото појавување на снег и првата снежна покривка може да се разликуваат статистички, мерлив снег се смета секој снег чија висина надминува најмалку 1 см…стои во објавата на Инстаграм.

Вчера регионот го зафати студено време, а снег падна во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.