Фото: Инстаграм/ Килијан Мбапе

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе стана најплатениот фудбалер во 2022 година – објави „Спортико“ („Sportico“).

Според американскиот портал за бизнис и спортот, 23-годишниот Французин ќе  заработи 125 милиони долари за сезоната 2022/23. Од нив 105 милиони долари се плата, а останатите 20 се приходи од спонзорски договори.

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо е втор на листата со 113 милиони долари (53 милиони долари плата и 60 милиони долари од спонзорски договори), додека соиграчот на Мбапе, Лионел Меси е трет со 110 милиони долари. (62+48).

Во десетте најплатени фудбалери во сезоната 2022/23 се уште и: Нејмар (ПСЖ) – 91 милион долари (56 + 35); Мохамед Салах (Ливерпул) – 39,5 милиони долари (24,5+15);  Еден Азар (Реал Мадрид) – 31,3 милиони долари (28,6 + 2,5); Андрес Иниеста (Висел Коби) – 30 милиони долари (23+7); Рахим Стерлинг (Челзи) – 29,4 милиони долари (21,4 + 8); Кевин Де Брујн (Манчестер сити) – 29 милиони долари (25,5 + 3,5) и Антоан Гризман (Атлетико Мадрид) 27,5 милиони долари (22+5,5)