Фото: Маја Јаневска-Илиева / Архива

Во засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на државава синоќа во периодот од 22.00 до 04.00 часот казнети се 133 возачи.

Од МВР информираат дека кај двајца возачи утврдени се над два промили алкохол.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.