Хрватска
Хрватската академија на науките и уметностите (ХАЗУ) бара од хрватската влада да ѝ го блокира патот на Србија кон Европската Унија, доколку Белград не исполни дури 14 услови, меѓу кои и откажување од „митот за Јасеновац“, пишува српски „Блиц“.
Документот насловен „Придонеси за заштита на хрватските национални интереси во преговорите на Република Хрватска со БиХ, Црна Гора и Србија во однос на нивното пристапување во ЕУ“ ги наведува условите што овие три земји треба да ги исполнат за Хрватска да им дозволи пристап до преговори со ЕУ. Документот беше објавен претходниот петок и испратен до Владата на Хрватска во форма на барање.
Кога станува збор за поддршката во преговорите со Србија, Хрватската академија на науките и уметностите поставила 14 услови. Во првата точка, Хрватската академија на науките и уметностите бара Србија да се откаже од „големосрпската пропаганда“, што подразбира „откажување од митот за Јасеновац“, но и од односот кон ликот и делото на кардиналот Алојзије Степинац.
Реагирајќи на барањата на Хрватската академија на науките и уметностите, Извршниот одбор на Српската академија на науките и уметностите рече дека „и покрај искуството, членовите на САНУ биле изненадени од ’примитивниот тон на омраза во Хрватската академија на науките и уметностите‘ кон Црна Гора и Србија во однос на нивното пристапување во Европската Унија“.
Колку за потсетување, неодамна реакции за документот на ХАЗУ дојдоа и од црногорска страна.