Грчкото обвинителство за финансиски криминал отвори прелиминарна истрага за корупција и перење пари против грчката европратеничка Ева Каили јавија грчки медиуми повикувајќи се на извори во правосудството.
– Финансискиот обвинител…нареди отворање истрага за земање мито и перење пари – изјавил неименуваниот извор, алудирајќи не поранешната потпретседателка на Парламентот на ЕУ, која сега е притворена во Белгија под обвинение за мито.
Ева Каили (44) е една од четворицата осомничени за примање мито, во скандалот наводно поврзан со Катар.
Катарската Влада ги отфрли сите обвинувања.
Четворицата беа уапсени минатата недела во акција на белгиската полиција, која изврши серија претреси во домовите и канцелариите на политичари, лобисти и парламентарни асистенти, при што беа запленети околу 1,5 милиони евра во готовина.