Фото: Маја Јаневска-Илиева

Потпретседателката на Бугарија , Илијана Јотова, од денеска ќе престојува во посета на Албанија. Бугарскиот портал „24 часа“ јавува дека посетата се случува во пресрет на пописот на населението во Албанија, кој, како што пишува порталот, е значаен момент за бугарското национално малцинство во Албанија.

Јотова ќе се сретне со претставници на, како што се наведува, бугарското национално малцинство од регионот Голо Брдо, иако овој дел е претежно населен со македонско население. Таа ќе ја отвори новата учебна година во училиште во градот Елбасан.

„Нова Македонија“ веќе пишуваше дека Бугарија тргна во отворена офанзива за целосно асимилирање на Македонците и во соседна Албанија.

Бугарија во асимилаторски јуриш на сѐ што е македонско

За прелевањето на бугарско-македонскиот спор во Албанија неодамна прилог објавија албанските телевизии Еуроњуз и Топ ченел, во кој се констатира дека спорот меѓу Македонија и Бугарија околу идентитетските прашања се пренесува и во Албанија. Како што наведуваат двата медиума, битката е за етничката припадност на малцинството што живее во областите Голо Брдо и Гора, како и барањето за нови општини во двете области.