Поради сложената епидемиолошка ситуација и високите стапки на морбидитет на 100.000 луѓе пријавени во последните 14 дена во земји блиски до Бугарија, бугарското министерство за здравство им препорачува на своите граѓани да се воздржат од непотребни патувања во Грција, Кипар и Турција.
Со оглед на динамичната состојба во врска со ширењето на коронавирусот, Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат воведените антиепидемиски мерки за физичка дистанца, честа дезинфекција и носење заштитна маска за лице.
Бугарија сѐ уште е во зелената зона во однос на ширењето на коронавирусот, обезбеден е пристап до четирите вакцини одобрени од ЕУ, пренесува БГНЕС.
Бројките на новозаболени во Србија секојдневно растат. Вчера се регистрирани повеќе од 400 нови случаи на ковид-19. Епидемиологот Радмило Петровиќ и вирологот Миланко Шеклер изјавија дека, според нив, Србија веќе се соочува со четвртиот бран на коронавирусот и дека бројките во земјата и понатаму ќе растат.
– Влеговме во новиот бран. Заразени ќе има сè повеќе. Сега лабаво се креваат бројките, но за две-три недели тие ќе имаат побрз раст. Масовните собири може само да придонесат на ширењето на вирусот. Забораваме дека делта-сојот полесно се пренесува и дека е потребно помало количество вирус за да предизвика болест – вели Петровиќ за „Нова.рс“.