Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека земјите од Балканот се заложници на национализмот што постои во ЕУ, пренесуваат регионалните медиуми.

Тој ова го истакнал на „Сими симпозиумот“ во Атина и објаснил дека блокирајќи го почетокот на пристапните преговори Македонија, Бугарија копира само други земји од ЕУ, кои блокираат други од лични интереси, пренесуваат порталите.

„Бугарија забележа дека може да користи локална политика за да блокира други“, рече Рама додавајќи дека Албанија се подготвува да почне преговори неколкупати по добивањето уверување од Европската комисија дека преговорите ќе почнат.

Рама исто така посочи дека е потребно поголемо присуство на Грција во регионот и додаде дека земјите од регионот треба да се залагаат за реформи и да соработуваат за доброто на децата.