Шефицата на дипломатијата на Европската унија, Федерика Могерини вели дека за време на заедничката вечера органзиирана на маргините на ГС на ОН, лидерите на Западен Балкан потврдиле силна посветеност во напредокот со процесот на ЕУ интеграции преку забрзани реформи и добрососедски односи.

Таа додаде дека на работни вечери во Њујорк се разговарало и за Преспанскиот договор што се однесува на решвање на спорот меѓу Македонија и Грција за името како и за дијалогот Белград – Приштина.

– Тие две прашања, се клучни за развој на регионот и неговиот европски пат, нагласи Могерини.

Таа во Њујорк вчера организираше вечера на која беа комесарот за преговори и проширување Јоханес Хан и лидери на партнери на ЕУ од Западен Балкан.

Во соопштение од Европската служба за надворешни работи се вели дека тоа била добра можност да се разговара за ситуацијата и за напредокот на регионот.

– Нашата посветеност со поддршка за партнерите од Запден Балкан да направат неповратни чекори на патот кон ЕУ интеграции е силна како и секогаш. Тоа ќе бара константна работа на ЕУ оприентираните реформи како и искрена и ефикасна соработка, изјави Могерини.