Гервала и американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар/Фото: Твитер-Доника Гервала

Косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала-Шварц ги повика американскиот претседател Џо Бајден и неговите европски сојузници да сторат повеќе за да спречат избивање на нови етнички конфликти на Западен Балкан, истовремено предупредувајќи ги дека ги губат кредибилитетот и авторитетот во регионот.

Таа смета дека експертизата на Бајден по балканските прашање би можела да биде од клучно значење за намалување на тензиите, нагласувајќи дека „САД се гаранција за Република Косово, нејзиното животно осигурување“ во интервју за „Њузвик“.

– Знаеме дека Косово има искрен и доверлив пријател во Белата куќа, кој е запознаен со Косово од 90-те години и кој пружаше поддршка во текот на нашето тешко патешествие кон слободата и независноста – истакна Гервала-Шварц.

Косовската министерка се осврна и на улогата на КФОР, кој мометно има 3.800 припадници на Косово, за смирување на тензиите, велејќи „нашиот народ може да спие мирно поради присуството на КФОР“.