Европската унија (ЕУ) треба да преземе конкретни мерки против Турција, ако таа земја продолжи со нелегалното однесување во источниот Медитеран, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас.
-Клучниот столб на нашата позиција е почитување на меѓународното право и секој што не го почитува треба да се соочи со последиците- рече Ципрас на самитот на јужните земји од ЕУ што се одржува во Малта.
Говорејќи пред лидерите на Кипар, Франција, Италија, Малта, Португалија и Шпанија, рече дека инсистирањето на Турција за истражување на природниот гас на кипарското крајбрежје не претставува билатерално прашање на Кипар и Турција, ниту на Грција и Турција, туку дека тоа е прашање на ЕУ.
-Грција изрази целосна поддршка на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис-рече Ципрас.