Фото: Бела куќа/Фликр

Американскиот претседател Џо Бајден ќе отпатува во Брисел следната недела за да се сретне со лидерите на НАТО алијансата и на Европската комисија.

Прес-секретарот на Белата куќа, Џен Псаки, ги објави плановите за патување на денешниот брифинг со новинарите.

Таа рече дека американскиот претседател ќе присуствува на самитот на НАТО на 24 март за да разговара за тековните напори за одвраќање и одбрана поврзани со воениот конфликт меѓу Русија и Украина и да ја потврди „железната посветеност“ на САД кон Алијансата.

Бајден, исто така, ќе се приклучи на претходно закажаниот самит на Советот на ЕУ на кој ќе се разговара за Украина, вклучително и напорите за казнување на Русија и обезбедување хуманитарна поддршка за Украина, додаде таа.

– Во овие времиња на тестирање, нашата трансатлантска акција е поважна од кога било – објави шефот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел во твит.