Побарувачката за електрични возила ги притиска најголемите автомобилски компании во светот да потрошат милијарди за воведување иновации за производство на електрични автомобили во обид да го достигнат пионерот „Тесла“.
Сепак, автомобилските гиганти „Џенерал моторс“, „Форд“, „Фолксваген“ и „Тојота“ се меѓу оние што имаат цел да ја зачуваат и бензинската индустрија, која доминираше со децении. Новите електрични автомобили се атрактивни за клиентите што не се моментални сопственици на нивните брендови.
Според податоците од автомобилската веб-страница „Едмунс.ком“, речиси 70 отсто од купувачите на новиот „форд мустанг макс-е“ претходно не биле клиенти на „Форд“.
Претседателот на „Тојота“, Акио Тојода, исто така, ги претстави буџетите за електрификација на автомобилите и погоните во фабриката, кои за наредната деценија изнесуваат неверојатни 70 милијарди долари.