Талибанците во Авганистан денеска забранија одгледување на афион и други растенија од кои се добиваат наркотици.
– Согласно указот на врховниот водач на Исламскиот емират Авганистан, сите Авганистанци се информирани дека отсега одгледувањето афион е строго забрането во целата земја-се наведува во наредбата на врховниот лидер на талибанците Хаибатула Акунаџада.
За прекршителите предвидена е постапка во согласност со шеријатските закони, а родот ќе биде уништен.
Исто така се забранува и употреба или транспорт на други наркотици.
Контролата на наркотиците во Авганистан е едно од главните барања на меѓународната заедница.
Обединети нации соопштија дека во изминатите месеци е зголемено производството на опиум во Авганистан.