Американските сили за специјални операции спроведoa успешна антитерористичка операција во Сомалија, при што е елиминиран висок претставник на Исламска држава и уште десет оперативци на терористичката група, соопшти висок претставник на администрација на претседателот на САД, Џо Бајден.
Операцијата биле спроведена во северниот дел на Сомалија, а цел бил Билал ал Судани, задолжен за финансиите на ИД.
– Се сметаше дека Билал ал-Судани ги помагал проширувањето и активностите на Исламската држава низ Африка и надвор од континентот, од комплекс сместен во планински пештери во северна Сомалија – соопштија американските власти.
Бајден минатата недела бил известен за мисијата по повеќемесечното планирање.
Судани бил следен од американското Министерство за финансии од 2012 година за неговата улога во Ал Шабаб. Тој помагал и во финансирањето на операциите на ИД во Африка (ИСИС-К).